Првиот ривал на Ѓоковиќ носел пелени кога тој првпат славеше во Мелбурн!
Басавареди, пред неколку дена го постигна најголемиот успех со место во полуфиналетона турнирот во Окланд, имал само две ипол години во 2008 година кога српскиот тенисер дојде до првиот од своите 10 трофеи во Мелбурн. Тој со голема возбуда ја очекува својата пресметка со Ѓоковиќ.
„Ѓоковиќ отсекогаш ми бил омилен. Сум се угледувал на многу играчи и сум ја приспособувал играта според нив, но тој е мојот фаворит“, изјави тинејџерот.
Пред да отпатува во Австралија, Басавареди ќе го игра полуфиналето во Нов Зеланд против искусниот Французин Гаел Монфис. Ѓоковиќ, пак, во второто коло на Австралија опен ќе се соочи со Павел Котов или квалификант. Во третото коло можни противници се Опелка, квалификант, Нагал или Махач. Тој на патот кон финалето избегна потенцијален дуел со светскиот број еден, Јаник Синер, кој би можел да му биде противник единствено во финалето. Во четвртфиналето се проектира дуел со Алкараз, а во полуфиналето со Александар Зверев.