Облакодерите во Зеница „изгореа“ на збогувањето на Един Џеко (ВИДЕО)
Дуелот на „Билино Поље“ е последен репрезентативен настап за Џеко, кој по речиси две децении ја завршува својата приказна во дресот на „Змејовите“. Напаѓачот по овој натпревар ќе се збогува со репрезентацијата со рекордни 152 настапи и 73 гола.
Навивачите подготвија спектакуларен поздрав за својот капитен уште во 11. минута. Симболично поради бројот 11 кој Џеко го носи на својот дрес, зградите веднаш зад еден од головите на „Билино Поље“ беа осветлени со бакљи. На нив се појави и транспарентот „Един, ти благодариме“, додека огнометот дополнително ја збогати глетката и создаде импресивна сцена во Зеница.
Околината на „Билино Поље“ и препознатливата бруталистичка архитектура на градот вечерва станаа дел од спектаклот посветен на легендарниот капитен.
Џеко својот репрезентативен пат го започна во 2007 година, а речиси 20 години подоцна ја затвора најважната глава од својата репрезентативна кариера – како најдобар стрелец и фудбалер со најмногу настапи во историјата на Босна и Херцеговина.