Нова семејна драма на Дончиќ: Словенецот ја продолжува „војната“ за своите ќерки

Совенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжува со правната битка околу старателството над неговите две ќерки, Габриела и Оливија, кои во моментов се наоѓаат во Словенија со нивната мајка, Анамарија Голтес.

Според информациите на „Атлетик“, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс поднел барање според Хашката конвенција со цел да се обезбеди неговото право на контакт со децата и тие да можат да престојуваат со него во САД.

Ѕвездата на Лејкерс поголем дел од летото го помина во Словенија, каде што беше со своите ќерки, но со поранешната девојка не успеале да постигнат договор околу нивното старателство.

Претходно, Голтес поднесе барање за детски надоместок и правни трошоци во Лос Анџелес, но во август побара постапката да биде повлечена со намера спорот да се реши со договор со кошаркарот.

Фото:  Instagram / anamariagoltes