Часови по големата победа над Звезда: Партизан потпиша ѕвер од НБА лигата!
Играчот кој настапува на позицијата крилен центар утринава официјално беше промовиран од страна на „црно-белите“, само часови по големата победа во синоќешното вечно дерби против Црвена Звезда (85-82) по едно продолжение.
„Американскиот крилен центар Роберт Френкс е ново засилување на црно-белите. Кошаркарот висок 201 сантиметар е роден во 1996 година во Сиетл, а по студиите на Универзитетот Вашингтон Стејт, својата професионална кариера ја започна во 2019 година. Играјќи за развојните тимови на Шарлот, Сакраменто и Орландо, стигна и до НБА лигата, каде што во 2021 година настапуваше за Орландо Меџик. Истата година, Френкс со развојниот тим на Орландо стана шампион во Г-лигата. Подоцна, новиот крилен центар на црно-белите играше за Бризбејн и Аделаида во Австралија, израелски Хапоел Гилат, Нагоја и Ибараки во Јапонија, како и Нанџинг во Кина, од каде што и пристигнува во Партизан“, стои во објавата на клубот.
Црно-белите по првите седум која од Евролигата се некаде на средина од табелата со скор 4-3.