Конечно причина за задоволство и на „Олд Трафорд“ - „падна“ важен потпис!

Mладиот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, Амад Диало потпиша нов договор со Манчестер јунајтед.

Според новиот договор, Диало ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2030 година.

„Многу сум горд. Уште сега имам многу споемни, но свесен сум дека допрва ќе ги направам. Имам големи амбиции, сакам да испишам историја со Манчестер јунајтед, многу научив откако стигнав тука пред четири години. Навивачите ме поддржуваат секој ден, баш како и тренерите и сите во тимот“, изјави Диало.

Сезонава Диало е еден од подобрите фудбалери во тимот и зад своето име има шест голови и седум асистенции, а двапати беше прогласен и за играч на месецот.

Со новиот договор Диало ќе заработи 120.000 фунти неделно, додека со претходниот договор добиваше 30.000 фунти неделно.