Новиот Дражен на Цибона ѝ даде 73, а во дебито за Реал постигна – 46 поени (ВИДЕО)
Станува збор за момче родено во 2010 година, кое веќе ги освојува срцата на кошаркарските експерти, кои го споредуваат со легендарниот Дражен Петровиќ. Тој со висина од 192 сантиметри и вештини за позиции 2 и 3 започнал со кошарка во клубот Нови Загреб. На само 13 години, тој постигнал неверојатни 73 поени и тоа во дуел со големата Цибона, а во У16 конкуренцијата бележел импресивни резултати, често реализирајќи по 25 поени и по 6-7 тројки по натпревар.
Неговите перформанси не останале незабележани од скаутите на Реал Мадрид, кои го вклучиле во својата млада екипа. Гарма веднаш покажал дека не станува збор за случајност: на својот прв натпревар за Реал постигнал 46 поени, а во престижната шпанска Миникопа остварил просек од 27,1 поен.