ФИБА се мајтапи: Што ви се допаѓа повеќе – ФИРО, Северна или безимена Македонија (ФОТО)
Попладнево на социјалните мрежи на европската секција на Светската кошаркарска федерација се појави своевидна анкета наменета пред сѐ за македонските кошаркарски вљубеници, кои би требале да одредат кој дрес повеќе им се допаѓа. Првиот во конкуренција е тој од ЕП 1999 на кој пишува ФИРО Македонија, последниот е од неодамнешните средби од квалификациите за ЕП 2024 на кој со големи букви може да се види Северна Македонија (на англиски), додека останатите два во игра се без име на државата само со нашето знаме на предната страна од дресот. Тешко е да се поверува дека намерата на објавата е да се навредат чувствата на Македонците, туку своевиден несмасен обид да се гласа за естетика во ситуација кога има проблем со суштината односно со тоа што му е најмило на нашиот народ, а тоа е името на државата.
Причина за сето ова се децениските проблеми со Грција околу името на државата, поради кои прво ни беше дозволено на дресот на стои Македонија, но само со првите букви од несаканиот акроним Поранешна Југословенска република (ФИРОМ). Потоа, кога Грците ја презедоа власта во ФИБА прекуЈоргос Василакопулос, целосно ни беше забрането да го користиме името Македонија, поради што како соломонско решение повеќе од 15 години игравме со дрес без име туку само со знаме.
Оваа пракса функционираше се до пред четири години, кога раководството предводено од Перо Антиќ направи промена на опремата и сите кошаркарски селекции почнаа да играат со напишано Северна Македонија на предната страна на дресовите, но и на сета друга опрема за загревање. Ова беше објаснето како наредба од ФИБА, истата таа што 15-тина години претходно толерираше да играме со знаме наместо со име кое не го сакаме и кое не го прифаќаме.
Објавата на ФИБА истовремено предвизика и шовинистички коментари, првенствено од Грци, кои веднаш напишаа дека според нив најдобро на дресовите на нашите кошаркари би стоело името на државата наречена – Западна Бугарија.