Гаштаров: Кога го носам дресот на Македонија, давам сè од себе и оставам срце на терен!
Гаштаров по натпреварот кажа дека очекува од себе да даде максимум и да остави срце на терен кога го носи дресот на Македонија.
„Одиме понатаму, глава горе. Треба да дадеме сè од себе во наредните натпревари. Кога го носам дресот на Македонија, очекувам од самиот себе да дадам максимум, да оставам срце на терен. Швајцарија е голема фудбалска сила, но ние имаме уште три натпревари во 10 дена и треба да дадеме сè од себе. Атмосферата мислам дека ќе остане одлична и се надеваме на триумф“, кажа Гаштаров.
Македонија ќе има шанса да го поправи впечатокот за три дена на гостување кај Словенија.