Мајсторски гол на Модриќ против Чешка во Прага (ВИДЕО)

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ игра на врвно ниво, а вечерва во Прага постигна мајсторски гол со кој ги воодушеви сите.

Модриќ доби топка во близина на казнениот простор на Чешка, по што тргна сам против неколку ривали, а потоа со спектакуларен удар го матира голманот на домаќините.