Катастрофално полувреме на Македонија: Швајцарија води со 2-0 во Скопје! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација одигра лошо прво полувреме на Националната арена „Тодор Проески“ и има негатива од 0-2 против Швајцарија во првиот меч од Б-сегментот во Лигата на Нации.

Швајцарија доминираше во текот на целото прво полувреме, додека Македонија запиша само една шанса, додека во останатиот дел од дуелот се обидуваше да ја зачува својата мрежа.

Гостите ја контролираа играта и се обидуваа на различни начини да стигнат до мрежата на Столе Димитриевски, а предност за Швајцарија донесе Фројлер во 22. минута од средбата, додека Амдуни потоа во финишот од полувремето зголеми на 2-0.

Швајцарската фудбалска селекција создаде дури 17 шанси во првиот дел и нивното водство можеше да биде уште повисоко, но Димитриевски запиша неколку добри интервенции.