МЗТ Скопје повторно покажува кој е газда во македонската кошарка!
Првата четвртина од натпреварот донесе големи возбудувања на теренот и израмнета игра, а МЗТ Скопје имаше минимално водство од 22-21. Големата борба продолжи и во вторите 10 минути кога екипата од Аеродром стигна до 39-37 на полувреме.
Куманово направи пресврт во третата четвртина (43-41), по што МЗТ влезе во одлична серија од 10-0 за да стигне до 51-43. Скопскиот тим успеа да ја зачува предноста и во завршницата влезе со „плус седум“ (58-51).
Голема борба се водеше и во последната четвртина, и тоа до последните секунди од мечот, а на крајот МЗТ славеше со 70-68.
Аеродромци со оваа победа стигнаа до шестата титула по ред во Суперкупот на Македонија, а вкупно деветти пехар во натпреварувањето.
Најефикасен во победничкиот тим беше Ноа Фаракан со 20 поени, четири скокови и три асистенции, додека на спротивната страна блесна Бобан Стајиќ со 16 поени и по шест скокови и асистенции.