Голеада на „Вембли“: Шпанија триумфира во дербито со Англија (ВИДЕО)

Светскиот и европски шампион Шпанија славеше на гостувањето кај Англија со 3-2 во првото коло од А-сегментот во Лигата на нации.

Навивачите можеа да уживаат во вистински спектакл и голеада на „Вембли“, која почна уште во 106 секунда, кога Ламин Јамал погоди за 1-0.

„Гордиот Албион“ се разбуди во завршницата од првото полувреме, па Ентони Гордон и Хари Кејн стрелаа за целосен пресврт (2-1).

Кејн имаше шанса и за втор гол на мечот, меѓутоа не реализира пенал во 54. минута, а казната пристигна преку Алекс Баена (2-2).

„Црвената фурија“ успеа да постигне и трет погодок во дербито, и тоа преку Микел Ојарзабал во 74. минута за конечни 3-2.

На останатите натпревари, Чешка загуби од Хрватска со 1-2, Албанија ја совлада Белорусија (2-0), додека со идентичен резултат (2-0) триумфира Словачка против Молдавија.

Фото: X/Spanish Football