Полска со победа над Франција го одбрани европскиот трон!

Одбојкарите на Полска успеаја да го одбранат европскиот трон, откако во финалето на турнирот славеа со 3-1 во сетови, односно 31-29, 25-19, 20-25 и 25-23 против Франција.

Полска одигра уште еден одличен натпревар и ја покажа својата моќ против незгодните Французи за на крајот да се радува на уште едно европско злато.

Натпреварот за трето место ѝ припадна на Финска, која славеше со 3-0 во сетови, односно 25-23, 25-20 и 29-27 против Словенија.

Фото: Facebook/Polska Siatkówka