Хрватите во проблем: Циндриќ неизвесен за СП
Имено, еден од најважните хрватски ракометари, Лука Циндриќ е под знак прашалник за настапот на Мундијалот кој започнува за една недела.
„Кларица и Граховац сигурно ќе ги имаме за следниот тест со Словенија, Циндриќ нема да биде на располагање. Кај него ситуацијата за жал е малку поинаква. Не тренираше цел декември и не е во ритам, прашање е дали ќе биде подготвен за Мундијалот“, изјави Сигрудсон.
На Светското првенство Хрватска ќе игра во група со: Аргентина, Бахреин и Египет.