Роналдо, сепак, уште не завршил со Португалија
Според португалскиот новинар Мигел Переира, веќе се прават напори за смирување на ситуацијата и подобрување на односите меѓу капитенот и селекторот.
Главната мотивација за Роналдо е неговата голема лична цел – да го постигне јубилејниот 1000. гол во кариерата токму во дресот на Португалија. На легендарниот фудбалер му недостига уште 21 погодок до историската бројка.
„Тој навистина сакаше голот број 1000 да го постигне со Португалија“, изјави Переира.
Роналдо го напушти собирот на репрезентацијата по несогласувањата со Жезус. Сепак, според Переира, во меѓувреме се прават обиди да се надминат разликите меѓу фудбалерот, селекторот и Португалската фудбалска федерација.
По последниот натпревар на Португалија, на кој репрезентацијата стигна до пресврт против Норвешка без Роналдо, Жезус дополнително ја отвори вратата за негово враќање.
„Ако игра редовно и сака да биде дел од репрезентацијата, ќе се врати кога ќе посака“, порача селекторот.
Роналдо би можел така да добие уште една можност да испише историја со националниот тим.