Скандал во Бачка Топола: Израелците збеснаа поради потезите на Ирците (ВИДЕО)

Тензии меѓу Ирска и Израел се забележани и пред почетокот на нивниот вечерашен натпревар, а новиот инцидент дополнително ја „загреа“ атмосферата на теренот.

Капитенот и голман на Ирска, Келехер одби да се ракува со капитенот на Израел, а тоа го снимија камерите и неговиот потег предизвика бурни реакции.

Овој потег привлече големо внимание затоа што и претходно имаше тензии меѓу двете репрезентаци зашто претходно Ирците одбиваа да играат против Израел.

Освен тоа, ирските фудбалери го повторија и потегот од претходниот меч, па пак ги спуштија главите кога почна интонирањето на химната на Израел.