Косово има за што да жали, испушти победа со Австрија на пет минути пред крај (ВИДЕО)

Koсово и Австрија ремизираа 1-1 во четвртото коло од „Б“ дивизијата во Лигата на Нации, а домаќините имаат за што да жалат во оваа средба.

Беше блиску Косово да ги освои бодовите откако поведе со голот на Фисник Аслани во 70-тата минута и водеше се до 85. минута.

Тогаш на сцена стапи Ланг кој стрелаше за израмнување. Со ова реми Косово дојде до пет бода на втората позиција, Австрија е лидер со осум, додека Ирска и Израел кои допрва треба да го играат својот натпревар се трети и четврти, Ирска има четири, Израел еден бод.

На останатите две средби кои се одиграа денеска во Лигата „Д“ победи забележаа Азербејџан над Литванија со 1-0 и Малта над Андора со истиот резултат