Поради лошиот терен, Македонија тренираше на помошното игралиште во Луцерн! (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија одржа тренинг на помошното игралиште во Луцерн пред натпреварот против Швајцарија во четвртото коло од Б-дивизијата во Лигата на анции.

Македонските фудбалери поради лошиот терен на стадионот „Термоплан Арена“ мораа да тренираат на помошното игралиште во Луцерн.

Македонија го загуби првиот меч од Швајцарија со 0-3 во Скопје, а утре од 20.45 часот ќе се обиде конечно да стигне до позитивен резултат.