Објавена е конечната листа: 25 таленти во трка за наградата „Златно момче“ (ФОТО)

Позната е листата составена од 25 фудбалери кои се во конкуренција за престижната награда „Златно момче“ за 2026 година, која традиционално се доделува на најдобриот млад фудбалер.

Меѓу финалистите има голем број познати фудбалери, а листата ја предводи Пау Кубарси од Барселона, додека меѓу кандидатите за наградата се и Ендрик од Реал Мадрид, Естевао од Челси, Ајуб Буади од Манчесатер сити, Јан Диоманде од Реал Мадрид и многу други.

За победникот ќе одлучува меѓународно жири составено од 50 новинари од европски медиуми, а прогласувањето на најдобриот млад фудбалер е најавено за ноември.