Македонија до 21 година со пораз од Шведска ги заврши квалификациите за ЕП
Шведска ја контролираше играта на теренот, а до водство стигна во 15. минута кога Виктор Свенсон погоди за предност од 1-0.
Домаќините продолжија со нападите, а вториот гол го постигнаа во 52. минута кога Ејби Није стрелаше за конечни 2-0.
Македонија заврши на петтата позиција во групата Е со седум бодови.