Медведев го стигна кармата: Го исмеваше Ѓоковиќ, па беше дисквалификуван! (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Данил Медведев беше дисквалификуван од полуфиналето на турнирот во Пекинг, но на социјалните мрежи станаа вирални снимките на кои може да се забележи како го исмеваше Новак Ѓоковиќ за време на натпреварот.

За време на исцрпувачките поени беше очигледно дека Србинот имаше проблеми, а тоа го искористи Медведев за да се исмева со својот противник.

По еден поен во вториот сет, Медведев направи потег кој привлече внимание. Русинот глумеше дека чувствува болки, односно ги имитираше реакциите на Ѓоковиќ.

Истиот потег го повтори уште неколку пати, а дел од навивачите го осудија неговиот потег и му порачаа по средбата дека го стигнала кармата.