Нови детали за „бегството“ на Роналдо: Португалецот не заминал сам од кампот
„Рекорд“ објави дека Роналдо не си заминал сам, туку со него тргнал и членот на персоналот задолжен за опремата, Антонио Коста.
Коста добил инструкција да ги спакува куферите и да замине од кампот заедно со капитенот на Португалија.
Нивното заминување, сепак, не е случајно. Коста со години работеше во португалската репрезентација, но во 2025 година беше ангажиран и од Ал-Наср каде што игра Роналдо, а наводно во договорот има клаузула која предвидува да биде со фудбалерот на собирите и другите натпреварувања до 2028 година.
Фото: Facebook/Seleções de Portugal