Дарија Крстевска на дебито на Скопскиот маратон постави нов младински национален рекорд!

Младата атлетичарка Дарија Крстевска имаше одлично деби на Скопскиот маратон каде што постави нов национален рекорд во полумаратон за младинки до 20 години.

Полумаратон Крстевска го истрча за одлично време од 1:25:45 минути со што го подобри претходниот национален рекорд за цели седум минути.

Кога е генералниот пласман во прашање во силната меѓународна конкуренција со своето време заврши на шестото место како најдобра помеѓу македонските натпреварувачки на полумаратонската трка.

Забележителен настап денеска ќе потсетиме, имаше и Дарио Ивановски кој по минатогодишната победа на маратонот, сега заврши на подиумот како третопласиран.