Ивановски ќе игра за трофеј - по исцрпувачка борба дојде до финале во Палермо!
Ивановски мораше добро да се намачи за да го обезбеди своето место во финалето, првиот сет го доби со еден брејк и 6-4, додека во вториот Вела напрви брејк во последниот 12-т гем и успеа да го израмни резултатот.
Сепак, во третиот решавачки сет Ивановски беше на високо ниво кога беше најпотребно и одново со еден брејк направен во деветтиот гем дојде до конечна победа.
Во финалето македонскиот тенисер го чека уште еден домашен натпреварувач и тоа Федерико Арнаболди, мечот е закажан за 11 часот наутро.
Турнирот во Палермо се игра за награден фонд од 56.700 евра.