Верстапен најбрз во хаосот во Малезија за прва победа сезонава! (ВИДЕО)

Возачот на Ред Бул и поранешен шампион, Макс Верстапен успеа да слави во хаотичната трка на Сепанг и да дојде до првата победа оваа сезона.

Верстапен имаше одлична трка и конечно се израдува по пауза од 10 месеци, откако претходно славеше во Абу Даби минатата година.

Второто место му припадна на Кими Антонели, додека трет заврши Луис Хамилтон. По нив следат Шарл Леклер и Исак Хаџар во топ-5.

Кошмарен настап имаше Џорџ Расел, кој предвреме ја заврши трката, а тоа му овозможи на неговиот тимски колега да ја зголеми предноста во генералниот пласман.