Ѓоковиќ: Сè уште ги терам овие момци да се намачат за да ги заработат парите! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ по проблемите кои ги имаше на американската турнеја, сега конечно изгледа одлично и во Пекинг со пресврт од 2-1 го елиминираше Александар Зверев кој во овој момент е втор светски рекет. 

За Ѓоковиќ ова ќе биде вкупно 202. полуфинале во кариерата, а исто така ја продолжи и непобедливоста во Пекинг каде што на 32 меча има исто толку победи, па така во изјавата по мечот не го криеше задоволството.

„Искрено, ова се моментите поради кои сè уште играм и се натпреварувам. Мотивацијата е огромна кога се чувствувате добро и кога можете рамноправно да се натпреварувате со најдобрите играчи во светот, пред 15.000 луѓе. Мислам дека тоа се моменти за кои сонува секој тенисер“, изјави Ѓоковиќ на местото на кое, 17 години по своето деби, сè уште нема пораз.

„Оваа година, искрено, беше тешка од различни причини, но јас сè уште сум тука. Сè уште работам, се борам и сè уште ги терам овие млади момци добро да се намачат за да си ги заработат парите. Ми е драго што успеав да истраам до крај“, истакна Новак.

За месот во финалето Ѓоковиќ ќе се соочи со Данил Медведев, a мечот е закажан за утре од 13:00 часот.

Фото: ATP Tour