Струмица доцна се разбуди, Работнички тргна со победа во новата сезона
Избраниците на Мирковски го контролираа натпреварот од почетокот до крајот и на крајот сосема заслужено стигнаа до триумфот. Највисокото водство кое го иама беше 24 поени во третата четвртина, но Струмица не се откажа и успеа се врати на „минус пет“.
Иако одиграа одлично во последната четвртина, сепак немаа сили за целосно да го свртат натпреварот.
Најдобар во редовите на Работнички беше Виктор Ефремовски со 29 поени, го следеше Роберт Рикиќ со дабл-дабл од 20 поени и 11 скока. На спротивната страна Камерон Крафорд броеше до 31.