Срам за светските шампиони: Делегацијата на Буркина Фасо поминала низ пекол за да гостува!
Иако договорот бил организаторите од аргентинска страна да ги покријат трошоците за патувањето на гостинската делегација, логистиката се претворила во вистинска катастрофа. Според извештаите на медиумите и информациите од местото на настанот, чартер-компанијата ненадејно и без претходна најава го откажала првично планираниот лет. Со цел да се намалат трошоците, биле понудени алтернативни опции со исцрпувачки прекачувања и таканаречени „low-cost“ аранжмани.
Таквиот потег ги разбеснил репрезентативците на Буркина Фасо, кои сметале дека ваквиот третман е понижувачки за националната селекција. Револтирани од изборот на превозот и условите, неколку клучни играчи одбиле да отпатуваат во Јужна Америка.
Соочена со бојкот од дел од тимот и откажаните летови, Фудбалската федерација на Буркина Фасо се нашла во безизлезна ситуација. Во последен момент, по итна постапка бил составен тим речиси целосно од играчи до 23 години и фудбалери од домашното првенство.
Импровизираната делегација пристигнала во Буенос Аирес само неколку часа пред почетокот на натпреварот, целосно исцрпена, без никаква можност за одмор, тренинг или аклиматизација.
На теренот следуваше сурова реалност за таква ситуација, Аргентина уште по првото полувреме водеше со 5-0. Головите ги постигнале Лаутаро Мартинез, Џанлука Престијани, Нико Паз, Хулијан Алварез, Франко Мастантуоно и Џулијано Симеоне, со еден автогол, додека во вториот дел уште двапати ја тресеа мрежата.
Локалните медиуми со право го окарактеризирале овој натпревар повеќе како административен срам и фијаско, отколку како вистински пријателски натпревар.