Ивановски не ја одбрани титулата - доминација на тркач(к)ите од Кенија!
Победник е Дерик Чеге Нјороге кој патеката од 42 километри низ скопските улици ја помина за 2:12:56 часа. Зад него заврши Едвин Кимару Косгеи кој доцнеше 25 секунди, а третото место ми припадна на македонскиот маратонец Дарио Ивановски.
Нашиот најдобар долгопругаш не ја одбрани титулата од лани, но сепак обезбеди место на подиумот, а и ја прекина доминацијата на Кенијците во машка конкуренција бидејќи шест од првите седум места им припаднаа на нив. Ивановски заостана 53 секунди за победникот Нјороге.
Слично беше и кај дамите каде славеше Долфин Кемунто Нјагака со време од 2:32:06 секунди. Далеку зад неа, со седум, односно осум минути заостанување заврши нејзината сонародничка Мерси Јебичи Кипкемои и Естер Чесанг Какури.
Најдобра македонска натпреварувачка беше Адријана Поп Арсова Рашиќ која истрча со време од 2:49:36 часа.
Покрај Ивановски и Поп Арсова Рашиќ, од македонските маратонци се истакнаа и Радмнила Јованова која беше 13., како и Жан Тошев кој го освои осмното место и Александар Арсов десеттото кај мажите