Сколс „чека“ да му ги одземат титулите на Сити: Си ги барам медалите!

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс кажа дека сака да добие шампионски медал во Премиер лигата, доколку на Манчестер сити му ги одземат пехарите поради кршење на финансиските правила.

Независната комисија утврди дека Сити со неколку комерцијални партнери направил „фиктивни договори“ во рамки на шема за прекривање на тајно финансирање во изнод од над 830 милиоини фунти.

„Постојано слушам како поранешните соиграчи бараат да им се одземат титулите на Сити, но не ги сакаат медалите. Јас сум поинаков, јас си ги барам моите медали“, кажа Сколс.

„Граѓаните“ веќе поднесоа жалба и ги отфрлија обвинувањата, па во следниот период се очекува конечна одлука за нивната иднина.