Ноќ за заборав на Реал: Барселона со седум гола го понижи вечниот ривал!
Неверојатна ноќ имаше Клаудија Пина, која постигна четири голови во првото полувреме и го реши прашањето за победникот уште во првите 45 минути.
Барселона, сепак, не запре на четири погодоци, па до крајот на мечот стрелаа и Каролина Грахам Хансен, Ева Пајор и Сидни Шертенлиб.
Каталонскиот тим по шест одиграни меча има шест победи во шпанскиот шампионат.
Фото: facebook/FC Barcelona Femení