Карлос: Лага е дека спијам на стадион

Бразилската легенда се огласи во јавноста по информациите за разводот со неговата сопруга.

Карлос потврди дека се разведува со сопругата, меѓутоа демантираше дека престојува покрај терените.

„Се шират лажни и штетни приказни за мене и моето семејство. Ја ценам приватноста своја, ама морам да ги демантирам лудите гласини за моето живеалиште. Тие се измислени за да се соберат кликови. Моментално живеам во стан со членовите на моето семејство. Адвокатите ќе ги проверат тие лажни информации кои се појавија и можеби ќе ги гониме кривично“, порача Карлос.

Процесот за развод со сопругата Лукон за Карлос ќе биде комплициран бидејќи треба да се подели богатство од 160 милиони евра кое парот го стекнал во заедничките изминати 15 години.

Инаку, Карлос е татко на 11 деца од седум различни жени и за сите деца мора да плаќа алиментација.