Капитенот Дарко Мицевски замина од Вардар!
Во зимската пауза Вардар прави сериозен ремонт на тимот кој во вториот дел од сезоната ќе изгледа сосема поинаку.
Вардар соопшти дека за вториот дел од сезоната нема да смета ниту на капитенот Дарко Мицевски.
„Денеска во просториите на клубот, АД ФК Вардар и фудбалерот Дарко Мицевски се договорија играчот да не биде дел од ростерот на ФК Вардар, и истиот ќе замине на позајмица во друг клуб“, соопшти Вардар.