Трагедија: Почина корејски бодибилдер – имаше само 35 години!

Еден од најпознатите претставници на бодибилдингот во Далечниот Исток, Парк Сеонг-Хјун, ненадејно почина на 35-годишна возраст, а веста за неговата смрт одекна во јужнокорејските медиуми, оставајќи ја заедницата во шок.

Тој уште во 2019 година отворено призна дека користел стероиди, а неодамна сподели дека се соочувал со сериозни психички проблеми.

„Се борев со депресија и бев на психијатриско лекување,“ изјави Парк пред неколку месеци.

Кореецот последните месеци имал влошено здравје, изгубил значителна тежина, што укажува дека можеби го ограничувал внесот на храна. Тој исто така престанал да оди во теретана, што предизвика загриженост кај неговите следбеници. Причината за неговата смрт сè уште не е објавена. Освен што беше активен во бодибилдинг индустријата, Парк беше и познат Јутјубер, каде објавуваше содржини поврзани со тренинг и развој на мускулатура.