Новинарка се појави неподготвена пред Жозе, а тој не простува – ѝ одговори кратко и јасно (ВИДЕО)

Жозе Мурињо со Реал Мадрид во вторникот играше против Интер во натпревар во кој неговиот славеше победа од 2-1, а португалскиот стратег се најде во интересна ситуација и по средбата.

Имено, една новинарка при разговорот со Мурињо не беше добро подготвена и заборави дека Мурињо и минатата сезона беше дел од најелитното европско клупско натпреварување со екипата на Бенфика.

На почетокот на разговорот новинарката истакна дека е убаво што Португалецот повторно е дел од Лигата на шампионите и дека чувството е како никогаш да не заминал.

Мурињо на тоа само кратко одговори дека беше тука и минатата сезона.