Голеада во ЛШ: Историска победа за Комо, луд пресврт во Чешка, Баерн и Јунајтед убедливи! (ВИДЕО)
Комо и Лајпциг одиграа интересен натпревар со шанси и на двете страни, меѓутоа калчолигашот беше подобар во реализацијата и заслужено ги израдува своите навивачи.
Историскиот прв гол за Комо во европската елита беше дело на Батурина во 15-тата минута од средбата, додека пред крајот на првиот дел Хрватот асистираше, додека Доувикас стрелаше за 2-0.
По десетина минути игра во вториот дел Диао се погрижи и за 3-0, додека во 58-та Максимовиќ го постигна единствениот гол за гостинскиот состав.Точка на натпреварот во самата завршница стави Пероне кој погоди по асистенцијата од Нико Паз.
Манчестер јунајтед лесно ја оправда фаворитската улога против и дебитантот Сабах го совлада со 4-0. Натпреварот беше решен уште во првиот дел кога стрелаа Куња, Фернандеш и Шешко за сигурно водство. Конечниот резултат со гол во вториот дел го постави Мартинез.
Уште поубедлив беше Баерн Минхен против Бодо Глимт и го декласираше норвешкиот тим со 5-0.. Бодо се држеше во првото полувреме, но потоа се распадна во вториот дел кога баварците ги постигнаа сите четири погодоци. Стрелци на головите ба Мусиала, Кејн, Дејвис и Олисе кој двапати се запиша во листата на стрелци.
Во драма во последниот натпревар Ленс ја совлада Славија Прага со 3-2 на гостински терен. Славија и со играч помалку постигна два гола во второто полувреме и водеше 2-1 се до 90-тата минута, но тогаш Французите со два погодоци во судиското продолжение преку Таувин и Агиљар направија комплетен пресврт.