Шпанија и Португалија се кодомаќини на СП 2030, ама финалето ќе се игра во – Африка!?
И покрај оптимизмот во северноафриканската држава, Светската фудбалска федерација (ФИФА) сè уште нема донесено официјална одлука за точната локација на завршниот натпревар од мундијалот. Главниот адут на Мароко за добивање на финалето е новиот мега-проект, стадионот „Хасан Втори“, кој се гради токму во Бенслимане, на околу 60 километри од Казабланка. Овој импозантен спортски објект, чија изградба се проценува на астрономски 12 милијарди долари, е проектиран да собере 115.000 гледачи, со што би станал најголемиот стадион во светот наменет исклучиво за фудбал.
„Провинцијата Бенслимане ќе ја има честа да биде домаќин на финалето на Светското првенство во 2030 година“, истакна Лекја за време на партиски собир во мароканскиот град Бузника.
Наспроти овие тврдења, ФИФА уште во август категорично ги демантираше гласините дека претседателот Џани Инфантино веќе му го ветил финалето на Мароко, нарекувајќи ги таквите информации неточни. За организацијата на најважниот фудбалски натпревар постои отворено ривалство помеѓу Мароко и Шпанија, кои заедно со Португалија се главните домаќини на турнирот. Светското првенство во 2030 година ќе има историски формат, бидејќи ќе се одржи во шест земји на три континенти, при што првите три натпревари ќе се одиграат во Јужна Америка (Аргентина, Парагвај и Уругвај).