Се остварија најавите: Потер е нов менаџер на Вест Хем
Потер утринава беше претставен како предводник на „чеканите“, а своето деби ќе го има претстојниот викенд, на дуелот од третото коло од ФА Купот, против Астон Вила.
„Вест Хем е огромен клуб, во срцето на Лондон, со одлични навивачи и поддршка низ целиот свет. Ги видов сцените по освојувањето на Конференциската лига во 2023 година и беше очигледно дека овој клуб поседува се за да биде константно успешен и на теренот и надвор од него“, изјави Потер на претставувањето.
Тој беше без ангажман од април 2023 година кога доби отказ од Челси, а во својата кариера ги водеше уште Брајтон, Свонси и шведскиот Остерсунд. По 20 кола во Премиер лигата, Брајтон се наоѓа на 14. место со 23 бода.