Тукушто се врати по долгата пауза, а веќе си оди: Араухо заминува на позајмица во Јувентус

Стоперот на Барселона, Роналд Араухо ќе ја продолжи кариерата во Јувентус, тврдат медиумите во Шпанија и Италија.

Според нив, Барселона и Јувентус постигнале договор за позајмица со тоа што торинскиот клуб на крајот од оваа сезона ќе го откупи договорот на дефанзивецот. Араухо е обврзан кон Барса до 2026 година, но токму проблемите околу продолжувањето на договорот доведоа до нивна разделба.

Уругвајскиот репрезентативец долго време беше повреден, неодамна се врати во тимот, но по се изгледа, по завршувањето на Суперкупот на Шпанија ќе се спакува и ќе замине во Италија.