Милан има еден услов за да потпише со Рашфорд!

„Тајмс“ пренесува дека Милан му порачал на Манчестер јунајтед дека може да го ангажира Маркус Рашфорд на позајмица само под услов да покрива половина од платата на напаѓачот.

Милан и Манчестер јунајтед водат преговори за позајмица на Рашфорд до крајот на сезоната, но зделката не е лесна поради високата плата на Англичанецот.

Се верува дека неделната плата на Маркус Рашфорд во Манчестер јунајтед изнесува 325.000 фунти што е незамислива сума за Милан.

Росонерите му поставиле услов на Јунајтед дека може да го земат Рашфрод на позајмица само ако платата му ја плаќаат по половина.

Дури и со половина од платата тој би станал најплатен играч во Милан бидејќи во моментов најголема плата на Сан Сиро има Алваро Мората, 150.000 фунти неделно. Половина од платата на Рашфорд е нешто над 160.000 фунти.