Барса ја доби битката: Олмо и Виктор можат да бидат привремено регистрирани

По долга борба, Фудбалскиот клуб Барселона извојува победа против Ла Лига и ќе може привремено да ги регистрира своите фудбалери Дани Олмо и Пау Виктор.

Таква одлука денеска донесе Врховниот совет за спорт на Шпанија, но за жал на „каталонците“, таа доаѓа предоцна со оглед на тоа што Барселона вечерва од 20 часот се среќава со Атлетик Билбао во полуфиналето од Суперкупот. Олмо и Виктор би можеле да заиграат евентуално во финалето, ако каталонскиот гигант се пласира во него. До крајот на јануарскиот преоден рок Барселона ќе треба да докаже дека ги исполнила условите на Ла Лига и дека ги надминала финансиските проблеми кои доведоа до проблеми при регистрацијата на фудбалерите.

Раководството на Барселона очигледно веруваше дека ќе излезе како победник во овој случај, па Олмо и Виктор отпатуваа со остатокот на тимот за Саудиска Арабија, каде што се игра Суперкупот на Шпанија.