Манчестер сити има нова мета, го сака напаѓачот кој блеска во Бундеслигата

Актуелниот европски шампион Манчестер сити покажал голем интерес за доведување на египетскиот напаѓач, Омар Мармуш кој игра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер сити е во  напредни преговори со бундеслигашот, а се шпекулира дека сумата за која напаѓачот би можел да се пресели во Манчестер е околу 60 милиони евра.

Сезонава Мармуш игра на високо ниво и на 24 натпревари за Ајнтрахт постигна 18 гола и подели 12 асистенции. Во германското првенство постигна 13 голов на 15 натпревари, подобар од него е само Хари Кејн со 14 погодоци.

Кариерата Мармуш ја започна во египетскиот Вади Дегли, потоа беше дел од Волфсбург, Сент Паули и Штутгарт. За репрезентацијата на Египет собра 35 настапи во кои постигна шест гола.