Тотнем откри во каква состојба е фудбалерот кој лежеше неподвижен на тревата!
Лондонци го добија натпреварот со 1-0, а реваншот е закажан за 6 февруари на „Енфилд“.
„Сè е во ред, луѓе. Ви благодарам за пораките. Честитки за победата, момци,“ напиша Уругваецот на својот Инстаграм профил, изразувајќи благодарност за поддршката.
Инцидентот се случи во 6. минута од натпреварот, кога Бентанкур се обиде да ја контролира топката со глава, но падна на теренот и остана неподвижен. Медицинскиот тим му укажуваше помош девет минути пред да биде изнесен на носилки. Од клубот потврдија дека Бентанкур е при свест, може да зборува и е пренесен во болница за дополнителни прегледи.