Муарем Муарем ново име во стручниот штаб на Шкупи

Поранешниот фудбалер и доскорашен член на стручниот штаб на Гостивар, Муарем Муарем е ново име во таборот на Шкупи.

Во клубот од Чаир Муарем Муарем пристигнува во улогата на помошник на актуелниот тренер на првиот тим, Ердем Алпарслан.

За Муарем Муарем ова е враќање во Шкупи каде што кратко време помина како фудбалер. Во актуелната сезона како главен тренер го водеше и Гостивар со кој на девет натпревари не запиша ниту еден пораз.

Заедно со Муарем Муарем дел од стручниот штаб на Шкупи се: Минас Омани, Ферид Весели и Емре Инан.