Барди го напушта Трабзонспор, но ќе остане во Турција!?

Македонскиот репрезентативец Енис Барди не добива шанса во редовите на Трабзонспор и поради тоа се очекува да го напушти клубот во следниот период.

Барди, сепак, најверојатно ќе остане во Турција поради тоа што за неговите услуги покажале интерес турските екипи Бодрумспор и Ејупспор.

Турските медиуми пишуваат дека овие две екипи покажале огромен интерес за македонскиот репрезентативец, а наводно Еујпспор веќе почнал преговори со Барди.