Олисе го има најбизарното интервју - дури и водителот се посрами (ВИДЕО)

Мајкл Олисе одигра фантастичен натпревар во дресот на Баерн Минхен во Лигата на шампионите, но по мечот повторно привлече внимание со својот специфичен стил на комуникација.

Баерн убедливо со 5-0 го совлада Бодо, а Олисе беше еден од најдобрите поединци на теренот. Францускиот репрезентативец постигна два гола и запиша асистенција, со што заслужено ја понесе наградата за играч на натпреварот.

Сепак, наместо неговата одлична статистика, по натпреварот во центарот на вниманието се најде интервјуто. Олисе е познат како фудбалер кој не сака премногу да зборува пред камерите, а тоа уште еднаш го потврди. Водителот го праша како успева да постигнува толку атрактивни голови.

„Не знам“, кратко одговори Олисе.

Водителот не се откажа и продолжи со прашањето: како тогаш го прави тоа?

Одговорот на Французинот беше уште пократок и во негов стил:

„Шутнав и влезе.“

Кратките одговори предизвикаа реакции, бидејќи водителот очигледно очекуваше нешто подетално од човекот кој токму постигна два гола и беше еден од главните виновници за убедливата победа на Баерн. Од неговите одговори му дојде незгодно дури и на водителот кој веднаш потоа го прекина интервјуто.

Бизарното интервју на фудбалерот, можете да го видите ТУКА.