Тренерот на Фенербахче ги шокираше новинарите: Не сакам прашања, давам оставка (ВИДЕО)

Стратегот на Фенербахче, Исмаил Картал ги изненади сите по ремито (1-1) со Рома кога на прес-конференцијата соопшти дека поднесува оставка по првото коло од Лигата на шампионите. 

Картал кратко на прес-конференцијата соопшти дека го напушта кормилото на истанбулскиот гигант, само три месеци откако по четврти пат во кариерата го презеде Фенербахче.

„Се повлекувам од функцијата. Не сакам прашања, поднесувам оставка за доброто на клубот и на екипата“, порача Картал, а потоа ја напушти прес-конференцијата без дополнителни објаснувања.

Сепак, засега официјално тој е и понатаму тренер на турскиот гигант бидејќи набрзо потоа со реакција излезе претседателот Азиз Јилдирим кој порача дека додека стои за Картал и сака тој да остане на кормилото.