Нов тренер на клупата на „фенерџијата“: Турски стручњак ќе ја спасува Воска
На клупата на охридскиот тим седнува 63-годишниот Турчин, Сафет Ишлер кој ќе го замени досегашниот тренер Сеит Крека. Првата средба со фудбалерите Ишлер ќе ја има на 8 јануари кога официјално почнуваат подготовките на Воска за втората полуетапа.
Во меѓувреме, Воска донесе три засилувања за продолжението од сезоната: словенечкиот интернационалец Филип Валенчич и Финците, Туре Сира и Оива Лаксонен.