Консеисао веќе собори рекорд - најбрзо до првиот трофеј со Милан

Пред само една недела Сержо Консеисао беше назначен за тренер на Милан, а вечерва веќе го прослави првиот трофеј на клупата на „росонерите“.

Португалскиот стручњак со тоа постави нов рекорд на Милан бидејќи стана тренер кој најбрзо стигнал до првиот трофеј со италијанскиот гигант. За тоа му требаа само два меча и тешко дека некој некогаш ќе го собори ова достигнување на Консеисао. Интересно е тоа што за пехарот, Консеисао ги совлада најголемите ривали Јувентус и Милан.

Досегашен рекордер беше Винченцо Монтела кој во 2018 година исто така триумфираше во Суперкупот на Италија, но за тоа му беа потребни 18 натпревари.