Лазаров: Имаме убави сеќавања од Вараждин, публиката нека биде наш „осми“ играч!

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за настап на Светското првенство кое го стартуваме на 15 јануари, а пред патувањето за Хрватска изјава даде селекторот Кире Лазаров.

Лазаров во својата изјава нагласи дека Македонија по добро го памети Вараждин и очекува публиката да биде наша голема поддршка.

„Имаме позитивни сеќавања од 2009 и 2018 година. Очекуваме голема поддршка од нашите навивачи, а ќе се обидеме и да ги освоиме и симпатиите на Хрватите во Вараждин.

Можеби сме аутсајдери, но со помош од публиката можеме да ги изненадиме Унгарија и Холандија“, изјави Лазаров.
Зборуваше селекторот и за смената на генерација.

„Нашата најдобра генерација замина во историјата и сега градиме нова. Многу се изнамачивме да се пласираме на ова Светско првенство. Ни значи и тоа што играме во Хрватска која е блиску“, изјави Лазаров.

Светското првенство го започнуваме со Унгарија на 15-ти јануари, потоа на 17-ти следи средбата со Холандија и на 19-ти ја завршуваме првата фаза против Гвинеја.